СДСМ на мизерен начин се обидува да купи гласови (ФОТО)

Социјалдемократите продолжуваат со старата практика на евтино поткупување на гласачи.

Најголемата опозициска партија продолжува да ги потценува граѓаните и на најдолен начин се обидува да купи некој глас повеќе за изборите закажани внедела.

Имено, оваа фотографија, која што ја објави „Курир“, со печат од најголемата опозициска партија, покажува како СДСМ се обидува да поткупи гласачи со вредносен бон од само 500 денари за точење на гориво.

Ваквото потценување на граѓаните не е нешто ново кога СДСМ е во прашање. На изборите во 2011-та година, СДСМ шеташе од врата на врата и делеше локум, кафе и наполитанки за купување на гласовите на граѓаните. Тогаш медиумите објавија дека СДСМ нарачал цели 12.000 килограми кафе и дистрибуирал до граѓаните повеќе од стотина илјади пакетчиња кафе.

sdsmpoklon

Во 2014-та година во пресрет на изборите, коалициониот партнер на СДСМ Самка Ибраимоски им даваше расипано месо на Ромите за да гласаат за нив.  Товарните возила со расипаниот артикл беа лоцирани во близина на куќа во која беше сместен изборен штаб на СДСМ.

Граѓаните Роми не можеа да го сокријат гневот и веднаш се упатија на протест на Бихаќка. Обвинија дека поради политички поени, челниците од опозицијата, сакаат да ги отрујат.  Полицијата заплени месо сместено во два камиони ладилници во Шуто Оризари. Истото било со изминат рок и увезено во Полска и Данска.

Од направените проверки утврдено било дека сопственикот на ладилниците не поседувал никаков сертификат или декларација за месото. Исто така, немал документ кога и од каде е увезено во Македонија.

nova-brasno1

На локалните избори во 2013-та година, валкано во кампањата играше и кандидатот за градоначалник од СДСМ за Ѓорче Петров, Александар Наумовски. Во јавноста се појавија фотографии на кои се гледаше како Наумовски дели брашно и други производи во пресрет на одлучувачкиот втор круг.

brasno-romi-500