На прашање дали СДСМ требаше да коалицира со ДУИ и покрај жешката предизборна реторика, во вечерашното гостување во „Click Plus“ на ТВ21, Мухамед Зекири рече дека тоа не било одлука на СДСМ, туку граѓаните така одлучиле – гласале за ДУИ да биде дел од Владата.
-Граѓаните гласаа за ДУИ да биде дел од Владата, тоа е одлука на граѓаните а не на СДСМ, рече вечерва потпретседателот на СДСМ.