СДСМ од одбележувањето на Илинден направи своја партиска забава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката СДСМ ја партизираше прославата на Илинден на Мечкин Камен, не дозволи народ да присуствува, туку само нивни партиски активисти, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ во средата

Опозицистка партија ја обвинува власта дека го ограничила пристапот до месноста Мечкин Камен крај Крушево на граѓаните кои трациционално масовно доѓаат таму секој 2-ри август да оддадат почит на великаните кои ги се вградиле со своите животи за Македонија.

„СДСМ покажа примитивизам од невидени размери и не дозволи илјадници наши сограѓани да присуствуваат на Мечкин Камен, како што тоа го правеле децении наназад. СДСМ од државната прослава по повод Илинден направи партиска забава, со неколку стотина членови на партијата донесени со голем број автобуси кои полупразни тргнаа од градовите ширум државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Велат дека СДСМ и нивниот челник и и премиер Димитар Ковачевски се исплашени од народот, и затоа му го одзеле правото да се потсети на жртвата на предците и достојно да ја одбележи.

„Илинден е празник кој е темелот и стожерот на Македонија, тој треба да обединува, а СДСМ прави сѐ за тој овој светол ден за македонската државност посее раздор и омраза.

По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, Илинден и манифестацијата на Мечкин Камен ќе бидат отворени за сите граѓани, а празникот повторно ќе ги обединува граѓаните без разлика на партија, народност или религија. Поделбите ќе завршат со заминувањето на СДСМ од власт„, се вели во партиското соопштение.