Иван Бојаџиски кандидатот за советник на листата на СДСМ во Штип и новинарското и медиумско перо на СДСМ, барал информации од позиција на новинар во Општинска изборна комисја (ОИК) Штип, што упатува на тоа дека социјалдемократите во се подготвуваат за изборни нерегуларности, поради слабиот рејтинг.
Кандидатот за советник од на СДСМ во Штип ,новинарот Иван Бојаџиски и покрај тоа што претендира да стане советник во Општина Штип, сепакм има време да бара информации во Опшинската изборна комисија во својство на новинар за да прави партиски вести за својот портал.
Имено, според добро упатени избори Иван Бојаџиски како актуелен претендент за советник во општина Штип од редовите на СДСМ е во секојдневна корелација со претседателката на ОИК Штип, којашто, исто така, важи за верен подржувач на СДСМ, каде на дневна основа добива информации што работи и што се случува во Општинската изборна комисија.
Според неофицијални информации и чаршиски муабети Иван Бојаџиевски и покрај тоа што е претедент за советник во Општина Штип на листата на СДСМ,е и актуелен кординатор на Здружението на новинари на Македонија-Исток.
Иван Бојаџиски важи за докажан подржувач на политиките на СДСМ и преку неговиот портал istokpres.mk, често прави лажни и манипулативни вести чија цел е релативизирање и оцрнување на проектите и работата на еден од најуспешните градоначалниците во историјата на градот Штип, Илчо Захариев.
СДСМ испалеши од нискиот рејтинг меѓу граѓаните на нивниот кандидат за градоначалник Благој Бочварски, знаејќи дека сигурно ги губат изборите во Штип, одработуваат црна кампања преку партискиот портал istokpres.mk и нивниот партиски новинар Иван Бојаџиски.
Според информациите до кои дојдовме, според последни анкети кои се вртат низ градот Штип, актуелниот градоначалник Илчо Захариев води 3:1 во однос на кандидтот на СДСМ.
Најверојатно ваквиот распоред на сили меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и огромната предност и доверба која ВМРО-ДПМНЕ ја има меѓу граѓаните во градот Штип, го активирало црвеното копче и тука се влучува партискиот пулен Иван Бојаџиски со црната кампања преку својот портал.