СДСМ:Продолжуваат инвестициите во инфраструктурата

„Продолжуваат инвестициите во инфраструктурата, процесот на гасификација е со реализација од 50 проценти. Темпото и реализацијата на капиталните инвестиции предвидени во ресорот на министерството на транспорт и врски покажува одлично ниво на реализација“, соопштуваат од СДСМ.

Додаваат дека, паралелно во моментов се работи на изградба и рехабилитација на 44 патишта во вкупна должина од 550 километри и дека истовремено се инвестира и во проекти од комуналната инфраструктура. Се реализираат 28 проекти за изградба на 187 киломтри комунална мрежа која ќе опслужува околу 225.000 жители.

„Со 100 процентна реализација е процесот на изградба на социјалните згради. Една од приоритетните мерки со која се води вистинска грижа за најранливите категории преку обезбедување на дом за живеење на територијата на цела држава“, посочуваат од оваа партија.