Дали има несогласувања во партијата на СДСМ за реконструкција на Владата?
ТВ21 од свои извори неофицијално дознава дека огранокот на СДСМ во Скопје настојува доколку „метлата“ го опфати министерот за финансии, Драган Тевдовски, заедно со него да биде опфатен и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.
Бараат да се разрешат или двајцата или ниту еден од нив. Од СДСМ негираат дека има несогласувања во партијата. Од таму велат дека се ќе се знае до крајот на јуни, информира телевизијата.
Од друга страна, ТВ21 дознава дека Заев исто така сака да направи родов баланс на ниво на функциите, затоа бара да се зголеми бројот на жени кои раководат со владините ресори.
Целата анализа прочитајте ја на ТВ21.