![prilep sdsm](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/prilep-sdsm.jpg?resize=571%2C307&ssl=1)
Ниту изборните штабови на претседателските кандидати, ниту медиумите вечерва не излегоа со процена за присуството на поддржувачите на двајцата главни претенденти на должноста шеф на држава, но судејќи според информациите на локалните портали и социјалните мрежи, како и телевизиските извештаи, владејачката СДСМ доживеала вистински дебакл на почетниот митинг во Прилеп.
Според порталот Маркукуле.мк „Тажни лица ги пречекаа пречекаа Премиерот и “консензуалниот” претседателски кандидат Стево Пендаровски вечерва во Прилеп“ и констатира дека дебаклот бил очекуван, имајќи предвид дека “токму од Прилеп беше кажана најголемата предизборна лага на Зоран Заев“.
Бројни корисници на социјалните мрежи, исто така, заклучуваат дека социјалдемократите вечерва доживеале фијаско, бидејќи нивниот предизборен собир се одвивал на мал простор во центарот на Прилеп, кој може да прими релативно мал број луѓе. Исто така, се истакнува и дека атмосферата била премногу „камерна“ и според расположението на присутните далеку од соодветна за почеток на предизборна кампања
Наспроти тоа се споделуваат фотографии и снимки од митингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивната претседателска кандидатка Гордана Силјановска Давкова, при што се вели дека минал во победничка и еуфорчна атмосфера.