СДСМ стечајна

Од круцијално значење за македонската политичка сцена, но и за граѓаните на Македонија е СДСМ во најскоро време да почне да се престројува како партија. Веднаш и по брза постапка да се ослободи од оние кадри, кои до скоро беа по разно-разни државни и партиски функции. Токму тие кадри се мувлата во партијата и токму тие се креаторите на лошата слика за СДСМ. А, иронијата да биде поголема, пак, токму тие кадри јавно излегуваат и мудруваат. Делат памет. Нудат политички солуции. Или поточно, мислат дека мудруваат.

Тежок е изборниот пораз кој го доживеаа Демократи од Републиканците на изборите во САД. Сличен како изборниот пораз кој ВМРО ДПМНЕ му го нанесе на СДСМ, пролетва во Македонија. Но, особен интерес привлекува однесување на СДСМ, во досегашниот постизборен период. СДСМ седум години ја менаџираше државава, владееше со Македонија. И сега откако доживеа тежок дебакл на изборите, од позиција на опозиција, мудрува и, што вели нашиот народ, соли памет како треба да се менаџира државава и како да се владее.

Па, ако вие знаевте како треба, зошто така сурово ве казнија македонските гласачи? Зошто ги изгубивте и парламентарните и претседателските избори и паднавте на најмал можен број на пратеници во историјата на постоењето на партијата?

Има две можности за „мудрите“ совети и сугерирањата на СДСМ. Првата е дека токму тие нивни политички потези, поради кои и го остварија најлошиот изборен резултат во историјата на партијата, и кои сега ги предлагаат како солуција, всушност не се сеуште свесни дека се една многу лоша и губитничка опција. Втората, пак, е дека предлозите им се корисни, ама не сакале да ги применат додека биле на власт оти многу и не им било грижа за државата да прогресира.

Како и да се гледа на нивното однесување и двете опции се политичко лузерство. Немаат никаков позитивен импакт. Не придонесуваат за подобрување на состојбата во однос на мнението на граѓаните за партијата. Многу чудно политичко однесување.

Од круцијално значење за македонската политичка сцена, но и за граѓаните на Македонија е СДСМ во најскоро време да почне да се престројува како партија. Веднаш и по брза постапка да се ослободи од оние кадри, кои до скоро беа по разно-разни државни и партиски функции. Токму тие кадри се мувлата во партијата и токму тие се креаторите на лошата слика за СДСМ. А, иронијата да биде поголема, пак, токму тие кадри јавно излегуваат и мудруваат. Делат памет. Нудат политички солуции. Или поточно, мислат дека мудруваат. Но, според ваквите постапки, очигледно тие кадри на СДСМ не сакаат нивната партија да застане на здрави нозе. Такво нешто не им одговара. Значи не им одговара здрава и средена држава. Сакаат сиви зони и полусветови. Во таква средина најдобро егзистираат.

Реформирана СДСМ, освежена со нови млади и просперитетни кадри е она што и’ е потребно на Македонија, за власта да има квалитетен опозициски коректор и критичар. Излитениве политичари кои ја раководат СДСМ, неможе да и’ донесат никакво добро на партијата. Не и’ донесоа ниту на државата, кога имаа шанса за тоа. Мора да се охрабрат квалитетните, прогресивни и стабилни луѓе во СДСМ да кренат глас и да преземат иницијативa. Време имаат многу малку. За неполна една година, претстојат локални избори. Ако ништо не се случи во СДСМ, тогаш најочигледно е дека ќе бидеме сведоци на нов рекорд во изборен пораз на оваа партија.

Од друга страна, дури и да се случи изборен пораз на евентуално ново раководство на СДСМ, тоа нема да биде толку голем грев. Но, само ако тоа раководство има нови и квалитетни кадри.

Внатрепартиските борби се големи. Од секогаш СДСМ била добро познат бренд во однос на т.н. дворски, византиски игри. Најголем грев за СДСМ е ако останат да ја менџираат оние старите и излитени кадри, махери во лузерски политики. И што ќе стане со партијата? Од моментната „СДСМ Стечајна“ ќе еволуира во „СДСМ Лузерска“.

Автор: Дејан Николовски