СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Утре со почеток во 13:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе се одржи 30 тиот Конгрес на СДСМ, информираат од опозициската партија.

Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата а се очекува да биде избрано и новото раководство на партијата (нови членовите на највисиките тела, Централниот одбор, Надзорниот одбор).

На почетокот ќе има отворен дел од конгресот. Медиумите ќе имаат можност за фото и видео инсерти а ќе може да се проследи и обраќањето на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Потоа ќе следува мала пауза по којашто продолжува работниот дел од конгресот.

Новинарите, снимателите и фоторепортерите ќе можат да присуствуваат на отворениот дел на Конгресот со соодветни прес акредитации.

Местото за подигање на акредитациите е соодветно означено на самиот влез пред салата на одржување, на располагање на медиумите се вработени во Центарот за комуникации. За подигнување прес акредитација, потребно е да се покаже новинарска/пресс легитимација.

Замолуваме новинарските екипи да пристигнат околу 12.30 часот.

Во самата сала каде што се одржува Конгресот обезбеден е соодветен простор и потребни приклучоци за камерите, резервирани се места за седење за новинарите за отворениот дел.

Дополнително, обезбедена е посебна просторија, Прес – центар која со медиумските легитимации ќе може да се користи за цело време додека трае Конгресот (работен и отворен дел, по потреба, сала К3), стои во соопштението на СДСМ.