Ќе вложуваме во изградба на соодветна инфраструктура која ќе го олесни возењето велосипед во градските средини, кое моментално е тежок предизвик – најчесто велосипедски патеки нема, а таму каде што ги има често се запоставени и служат како паркинг простор за автомобили, соопштија од СДСМ.
Инетегрално соопштение на СДСМ:
Денот без автомобил ќе биде еден од деновите во чиста животната средина.
Ќе поддржуваме паметен и еколошки градски јавен превоз и ќе го вратиме урбаното зеленило кое е еден од важните фактори за намалување на загадувањето. Со измени во Законот за просторно и урбанистичко планирање, секој инвеститор ќе треба, освен број на паркинг места за своите објекти, да обезбеди и простор за задолжителна квадратура со зеленило.
Ова се само дел од нашите мерки.
Според извештајот на Светска банка, Македонија е на петото место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, од ПМ 10 честичките.
Власта на обвинетиот Груевски е најголемиот загадувач бидејќи во последните 10 години од Скопје направи најзагаден град во Европа.
Причини за тоа има многу, а дел од нив е и во следната листа на уништени паркови и зелени површини само во изминатите неколку години:
-Регионалниот пат до Сончев град на Водно
-Сеча на Водно за „Македонско Етно Село“
-Уништен паркот спроти хотел Бристол поради изградба на административна зграда (10-катница)
-Уништени два паркови спроти старата железничка станица
-Уништен парк пред Домот на АРМ
-Уништено зеленило во паркот Жена Борец со поставување десетици споменици и скулптури
-Уништен паркот пред КИЦ за изградба на катна гаража
-Уништен паркот зад Собранието на РМ за изградба на катна гаража
-Уништени двете зелени парцели околу плоштадот Македонија за изградба на хотел и градска куќа
-Уништен паркот зад главната пошта за изградба на барокна катна гаража
-Исечени старите дрвореди на Илинденска и Климент Охридски заради проширување на лентите за автомобилите
-Исечени 47 дрвја на УКИМ
-Незаконска сеча во Скопска Црна Гора која беше и причинител на поплавите во Стајковци
-Сеча на сите дрвја на плоштадот Карпошово Востание, меѓу црквата Св. Димитрија, Меморијалниот центар на холокаустот и Музејот на македонската борба. На овој простор сега има само бетон и споменици.
-Сеча над Детската болница „Козле“ на Водно за да се изгради пат за приватна парцела.
-Сеча во паркот кај киното во Кисела Вода.
-Сеча на дрвја во Карпош за изградба на катна гаража.
-По 11 декември ова ќе се промени. Вистински ќе се посветиме за да живееме во здрава животна средина.