
Лажни и лицемерни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводни пропусти во здравството бидејќи токму ВМРО-ДПМНЕ заради задоволувањето на корпутивните апетити на Никола Груевски и Никола Тодоров, го урниса здравствениот систем и ги понижи пациентите и лекарите, тирите починати врдат од СДСМ во одговорот на изјавите од ВМРО-ДПМНЕ за случајот на четирите починати бебиња и други смртни случаи откако социјалдемократите ја прдводат Владата.
„Коруптивно и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави уништено здравство, клиники и болници во долгови, неупотреблива опрема и дефицит на медицински кадар. Наместо таквиот пристап, Владата предводена од СДСМ ги санира штетите во здравството и преку посветена работа ги подобрува условите во здравството во интерес на сите граѓани“, уверуваат од СДСМ.