
На Македонија не ѝ е потребна уште една влада како претходната со која граѓаните осиромашија, на земјата ѝ е потребна сигурна иднина, а тоа ќе го овозможи владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата на соопштението на СДСМ дека водат сериозни разговори за обезбедување стабилно парламентарно мнозинство и нова влада.
„СДСМ во својот мандат единствено обезбеди сигурна сиромаштија. Над 700.000 граѓани се на работ на егзистенција. Граѓаните во време на криза немаат пари, а СДСМ се залага сметките за струја да се зголемат. Ова СДСМ што им го стори на македонските граѓани не ветува сигурна економија и подобра иднина. Ова ветува единствено сигурен банкрот на државата“, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во реакицијата се додава и дека социјалдемократите и нивниот лидер Зоран Заев единствено се грижат за „ограбување на народот и поскапување на електричната енергија“, и потсетуваат дека таа во сите европски земји ја задржа цената или беше намалена во текот на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот
„На Република Македонија не ѝ е потребна уште една влада како минатата за да граѓаните осиромашат. На Република Македонија и е потребна сигурна иднина, а тоа ќе го овозможи владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во партиската реакција.