Партизацијата на администрацијата не запира и во услови на економска криза и светска пандемија на опасниот коронавирус, обвини техничката заменик министерка во министерството за администрација и информатичко општество, Невенка Стаменковска во своето гостување во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител.
Таа потенцираше дека се вработуваат партиски послушници во над 85 институции каде се зголемува бројот на вработени на договор на дело на некои места дури за двојно повеќе од претходно. -Имаше до минатата недела склучено 85 нови тендери објавени на сајтот за јавни набавки за склучување на договори за дело во рамки на 85 нови институции. Морам да напоменам дека дел од овие тендери се за веќе вработените кои што се на договор на дело во рамките на соодветната институција, но за жал на сметка на тоа ако во рамки на институцијата имало 50 вработени кои што биле договорци сега со новиот договор ќе има 70, 80 па некаде и 100 нови вработени со договор на дело. Тоа е двојно зголемување на бројката на вработени со договор на дело. И во ваков период СДСМ продолжува да вработува во јавната администрација, иако согласно со уредбата на Владата е забрането да се ангажираат нови лица во рамките на администрацијата. Целта е овие новивработени да им бидат партиски послушници за време на изборите, вели Стамнековска.