СДСМовски медиумско-маркетиншки режим

Крај на колумнта

П.С.1

Кога почитуваниот Љубомир Гајдов како догогодишен новинар со неверојатно искуство ќе изјави дека Киро Глигоров има избркано плејада сериозни политичари од времето на СФРЈ на чело со Лазар Мојсов, јас го потврдувам истото. Судбоносните зборови кон покојниот велелепен дипломат Мојсов од страна на Киро (демек татко на нацијата) се : Лазо во оваа држава нема место за двајца.

Напомена 1: Изворот е повеќе од веродостоен, впрочем сестра на сопругата на Мојсов.

Напомена 2. Другите информации за односот кон Мојсов и неговата улога за македонскот прашање, јас лично ќе си ги носам во гроб, а мислам дека тоа треба да го направи и неговата фамилија.

П.С.2

Морам да Ви предочам дека има разлика помеѓу мене и овие антидемократи во начинот на перцепција на проблемите и нивно решавање. За разлика од нив јас учев од најдобрите. Зоран Велковски секогаш ни велеше: Мора да бидете 10 пати подобри од нив ако сакате да ги победите. Ристо Иванов пак ни велеше: Вие има да гледате во Монт Блан, а они можат само да гледаат во Зајчев Рид.

П.С.3

Еден опозиционен господин при мојата забелешка дека немаме повеќе заробена туку затворена држава мислејќи дека на него алудирам ми вели: Лошо цениш. Апсолутно не. Проценката ми е следнава за спас на мила Македонија: Си имаме работа дефинитивно со умислени елементарно неписмени персони (по турски може слободно да ги наречеш Копуци)

Почеток на колумната

Кога гледаш од денешна перспектива ако се земат во предвид сите тогашни и сегашни настани може логично да се заклучи дека: Лазар Колишевски и Крсте Црвенковски, се всушност реинкарнирани Гоце Делчев и Даме Груев за македонскиот народ. Иако мојот голем пријател научник, истражувач и историчар професор Ѓорѓи Чакарјаневски ми вели дека тоа е претешка констатација, сепак опстојувам на моето гледиште од една причина. Правеле држава со која можеш да се гордееш.

Денешниве расипикуќи само цицаат што може да исцицаат и да толкуваат нешто што не се толкува.

Е така драги читатели се однесуваат во сите сфери и посебно во медиумите. Полни им се устите дека само СДСМ е на патот за Европска Унија, ама сите потези им се како да возиш во рикверц. За да можеме да се разбереме една мала ретроспектива која докажува дека само пепел прават од медиумската индустрија.

  1. Во 1997 година носат закон за радиодифузија и им ветуваат на 3 (три) медиуми дека ќе ги поделат сите пари од проекти за јавен интерес и дека нема да платат за нивните трошоци кон државата. Кога Љубомир Јакимовски-Пиноче им бара одлука од Владата на РМ, проектите се делат на 100 медиуми и трошоците се платени кон државата.
  2. Во 2004 година вршат терористички упад во медиумската индустрија со доделување на нови 3 (три) национални телевизии на пазарот, демек да го намалеле влијанието на А1 и СИТЕЛ, а богами и останатите.
  3. Во 2008 година се врши дополнителен терористички упад со наредба од Бихачка. Се доделуваат нови 10 (десет) национални телевизии за да се намалело влијанието на Груевски во според нив купените претходни национални телевизии.
  4. Во 2011 го прелажуваат Велија Рамковски дека ќе биде нов премиер на Македонија и со тоа го внесуваат во неговата авантура со А1 телевизија да заврши во затвор заедно со неговите директори.
  5. Во истиот период Велија Рамковски вели претеравме со новинартсвото. Младен Чадиковски заедно со неговите другари Борјан Јовановски и Александар Чомовски ќутат како залиени за овој случај од едноставна причина. Ние, пак, што памтиме пепел ќе ги направиме со аргументи.
  6. Во 2012 или 2013 година е одземена лиценцата на А2 телевизија од страна на Зоран Трајчевски како претседател на Совет за радиодифузија денес АВМУ. Обрзаложение Нора Шаќири ќе водела емисија. Тоа е класичен упад од страна на државата, ама СДСМ и претходно споменатите молчат мудро.
  7. Како опозиција во 2014-2015 година ќе ја ослободувале МРТВ и го испратија генерал Стојанче Ангелов. Затоа што се кукавици.
  8. 2017 прават Влада и велат дека ги ослободиле медиумите и дека веднаш ќе ги променат составите на АВМУ, АЕК и МРТВ.
  9. Составите на АВМУ и МРТВ до ден денес се исти. Впрочем Зоран Трајчевски некогаш главниот нивни таканаречен непријател им станува коалиционен партнер и без никакви стандарди првенствено финансиски ја доделува лиценцата за 1ТВ на Боки 13
  10. Поради рекетарски односи Боки 13 си замина во затвор, ама повторно Младен Чадиковски заедно со неговите другари Борјан Јовановски и Александар Чомовски ќутат како залиени за овој случај од едноставна причина. Ние што памтиме пепел ќе ги направиме со аргументи.
  11. Државните институции до пред некој ден немале право да се рекламираат, ама СДСМ бидејќи биле за ЕУ разбрале дека опозицијата  многу пратеници ќе освои и си гласааат нов закон за рекламирање.

Би сакал да поедноставам. Се’ за што го навредуваа Никола Груевски, ама буквално се’, сакаат да ископираат и да се надградат. И тоа со директно договарање за влез на 2,9 милиони евра наменети за петте телевизии, односно рамномерно по 722.000 евра, и тоа што би рекле од Македонски Медиа Сервис без никаков критериум. Јака СДСМ слобода донесовте.

Да Ви објаснам професионално.

Секоја интервенција без критериум ги успива медиумите и чекаат пари од Вас, државата. Значи стопанството мисли дека нема потреба да инвестира во реклами и ќе си Бара нов начин како да стигне до новинарите. Претежно преку Пи-Ар агенциите.

Овој рекетарски закон кој го наумиле коалицијата СДСМ и ДУИ, не е важен моментално, ама на долги патеки е КАТАСТРОФА.  Едно не ми е јасно како може да се молчи на ваков предлог. Едноставно ние сме ЗАТВОРЕНА ДРЖАВА.

Предлог.

Ако ја сакате Македонија веднаш направете го следново:

  1. СДСМ да не се вади на Премиерот. Сите сте вплеткани
  2. Повлечете го законот
  3. Отворето го конкурсот за АВМУ за конечно расчистување со сите непотребни креативни решенија дојдени од политиката

Уште еден предлог за сите по политички партии

Сакате професионализам. Еве ако имате 1 (еден) % храброст. Ама ако имате.

Новиот состав на АВМУ мора да го водат следниве 5 (пет) дами.

  1. Снежана Трпевска – медиумска политика и регулатива
  2. Гордана Мајнова – систематизација на регулаторни тела и нивното влијание врз медиумската политика
  3. Ирена Мишева – развој на телекомуникации и медиумска регулатива
  4. Елизабета Канчевска Милевска – авторско и сродно право и развој на културата и јавниот интерес
  5. Жанета Трајковска- медиумска писменост

За разлика од Вас политичари, јас одма се откажувам во нивна корист од конкурсот. И тоа со алал. Со една девиза. Кај мене не важи Зинуло ми Дупе за Паре.

Напомена: За пријателите на СЈО времето е се пократко.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес