![vlada-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/vlada-1.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Од Владата велат дека изјавите на дел од бугарските политичари се дејствија против добрососедството и пријателството, коментирајќи го екс министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, и европратеникот Ангел Џамбаски.
Додаваат дека, владите на двете земји со последната посета на премиерот Зоран Заев во Софија упатиле јасни пораки дека се посветени да градат позитивни односи и доверба, со цел надминување на разликите. Потенцираат дека дијалогот и довербата се важни за да се дојде до решение.
Кога Заев е во Скопје заборава дека Македонија е бугарска, му текнува само кога ќе му треба нешто, вели бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.