2.8 C
Skopje
вторник, декември 24, 2024

Се ажурира апликацијата МојДДВ

Од Управата за јавни приходи (УЈП) информираат дека во тек е прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ.

„За да може да се скенираат фискалните сметки потребно е во апликацијата во делот „ПРОФИЛ“ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ каде што сега стои „Напреден“ да ја изберете опцијатата „Основен“, велат од УЈП.

Од таму се додава дека фискалните сметки кои не може да се скенираат преку опцијата „Основен“, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи.

„По завршување на овој процес, Управата за јавни приходи ќе извести, повторно да ја вратите опцијата „Напреден“ при скенирање на фискалните сметки. Појаснување за прилагодувањето, следете ги чекорите“, велат од УЈП.