На граничниот премини „Табановце“ и „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила. На ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути, додека на ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.