Се избираат тројца членови на Судскиот совет- само по еден кандидат во две од трите изборни единици

Судиите од Врховниот суд и од судовите во апелационите подрачја Гостивар и Скопје избираат тројца членови на Судскиот совет, откако летово други тројца се пензионираа. Гласањето завршува во 15 часот се собираат и пребројуваат гласовите.

Исходот во голема мера е извесен затоа што во две од трите изборни единици има само по еден кандидат.

За член во судскиот совет од редот на судиите во Врховен суд е пријавена само судијката Мирјана Радевска Стефкова.

И судиите од скопското апелационо подрачје на избирачкото ливче имаа само еден кандидат за заоктужување – апелациониот судија Зоран Герасимовски. Тоа значи дека овие двајца кандидати и само со сопствениот глас стануваат членови на Судскиот совет.

Во гостиварското подрачје судиите имаат избор да гласаат меѓу  судиите од тетовски суд Љупчо Спировски и Ивица Николовски.