Порталите блиски до опозицијата добија задача да го прикријат срамот на СДСМ со лаги и манипулации. Тие вчера измислија дека имало средба меѓу премиерот Никола Груевски и американскиот амбасадор во земја Џес Бејли.
Очигледна е намерата да се дефокусира преку лажни и измислени текстови како што е последниот текст во кој се тврди дека наводно американскиот амбасадор Бејли имал тензичен разговор со премиерот Груевски во рамките на разговорите на преговарачките страни.
Дознаваме дека не само што немало денес никаква средба помеѓу Груевски и Бејли, туку немало и никаква заедничка средба на преговарачките тимови, со што се работи за класична измислица.
Ваквиот текст доаѓа откако во јавноста има бура од реакции поради исклучителното штетно однесување на СДСМ и нивното барање дијаспората да не гласа, прифаќањето во ДИК наместо со аргументи да се одлучува согласно етно политичката волја, односно да се воведе бадинтер, како и откажувањето од активна регистрација на гласачите.
Ваквото однесување воедно ја потврдува паниката во СДСМ и стравот да се соочат со граѓаните на избори, зад што се крие реалниот страв од пораз од граѓаните.