Се обидел да краде паричници во банка

Шеесетгодишен албански државјанин е кривично пријавен под сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба на дрзок начин“, откако претходниот месец во експозитура на една банка во Дебар е фатен при обидот да украде паричник од комитент.

Полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против 60-годишниот Џ.М. од албанскиот град Елбасан. Тој на петти минатиот месец, малку пред 9 часот утрото 8 бил забележан на влез во „Стопанска банка“ во Дебар и фатен во момент на извршување на казненото дело. При влегување во банката на група граѓани,тоој искористил згодна прилика и од задниот џеп на пантолоните на лицето Н.К. од селото Новак, му го одзел паричникот по што се обидел да го напушти местото. Притоа е фатен од страна на полициски службеник, одземен му е паричникот и приведен во полициската станица.

Пријавениот, во текот на јули оваа година, на ист начин и на истото место извршил и други казанени дела одземајќи паричници од тројца граѓани. Со извршувањето на казнените дела, пријавениот Џ.М. се стекнал со противправна имотна корист од околу 40.000,оо денари.