Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески ќе ја посети локацијата каде се во тек активности за реализација на проектот за рехабилитација на мостови на Коридорот 10, на правецот Велес – Скопје.
Настанот ќе се одржи во 10 часот на мостот бр. 68.
Се спроведуваат активности предвидени со третата фаза од проектот, што почна во ноември лани. Се очекува до септември следната година да бидат подобрени 13 мостовски конструкции по трасата на делницата Велес-Катланово на Коридорот 10, во вредност од околу 8,6 милиони евра.
Претходно, со реализација на првата и втората фаза беа реконструирани 51 мостовска конструкција со вкупна должина од 4.090 метри, за кои инвестицијата изнесуваше 22.500.000 евра