Се обврзуваме на 1 милион евра за проекти во Зрновци за нов зелен пазар, изградба на брана на Морошка река и резервоар за водоснабдување во Видовиште

И покрај опструкциите од централната власт со која се соочува нашиот градоначалник во општина Зрновци, продолжуваат да се реализираат проектите, истакна Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

-Со Платформата 1198 за општините предвидуваме 250 милиони евра од кои 1 милион ќе се слеат директно во општината Зрновци за нов зелен пазар, за изградба на брана на Морошка река. И секако изградба на резервоарот кај Видовиште.

После промената на власта следува инвестициски бум во општините. Затоа ве повикувам сите заеднички да се сплотиме и обединиме на 8 мај да го заокружиме бројо 2 за промени и реформи во Република Македонија.