Се очекува Судот за човекови права да донесе уште една пресуда во корист на Јанакиески

Откако вчера Судот за човекови права донесе пресуда во корист за Миле Јанакиески, неговиот адвокатски тим најавува дека очекуваат судот да се произнесе позитивно и за уште жалба што ја имаат поднесено, објави Република.

Станува збор за случајот „Титаник“ за кој Јанакиески е осуден на три и пол години и за кој веќе издржува затвор. Адвокатот Влатко Илиевски смета дека има основа за уште една позитивна одлука за притворите кои беа одредувани за овој случај.

Очекуваме набрзо да има одлука и по однос и за притворите кои што беа и за притворите кои беа определени за предметот „Титаник“.Како легитимно се поставува за одговорност за сите учесници во овие одлуки  со цел не само да се санкционираат  туку и да се превенира слична злоупотреба во иднина-објасни Илиевски.