
Со цел превентива и рано откривање на хронично бубрежна болест, Министерство за здравство отвора специјалирани нефролошки пунктови низ целата држава. Прегледите ќе бидат бесплатни, а ќе се врши анализа на крв и урина, а воедно ќе се препорачува и терапија. Матичниот доктор, доколку има потреба, пациентот ќе го упатува на овие пунктови.
„Хроничните бубрежни заболувања се голем здравстевен проблем во целиот свет. Токму во таа насока, раното открвање е главен предуслов за успешно спречување на слабеењто на функцијата на бубрезите и намалување на сите ризик фактори за ова заболување. Причина за зголемување на бубрежните болсти е секкао стареењето на населението, порастот на дијабетис и неконтолира хипертензија, дебелината, изложеност на разни токсини од околината. Загрижува порастот на пациентите во рана фаза на бубрежната болет. Кај овие пациенти со правилни и навремени мерки може болеста значително да се успори. Постојат пет степени на хронично бубрежна блест, а нашата цел е да се дијагностицира прв и втор степен, а со тоа да се успори прогресот на болеста “, посочи министерот за здравство, Никола Тодоров.
Превентивни прегледи за хронично бубрежно заболување се препорачува на пциенти кои се над 50 години, со висок крвен притисок и дијабетис, а доколку болеста е во почетна фаза може многу ефикасно да се лекува.
Од 1 јули пациентите ќе можат да прават превентивни прегледи во здравствената станица „Железара Скопје“ каде што два дена во неделата ќе работи нефролошка амбуланта. Тука ќе може да доаѓаат на прегледи пациенти од Скопје, Куманово и Крива Паланка.
Во Клиничката болница -Штип, нефролоштата болница ќе работи три дена во недеата, а ќе се опслужуваат пациенти од Штип, Пробиштип и Радовиш.
Во Заводот за нефрологија- Струга, нефролошката амбуанта ќе работи пет дена во неделата, а тука ќе бидат праќани пациенти од Сруга, Охрид, Кичево и Дебар.
Од август, ќе почне да функионира пунктот во Здравствениот дом -Делчево. Ќе работи два дена во неделата, а ќе опслужува пациенти од регионот на Берово, Пехчево и Делчево.
Во Општата болница- Струмица, нефролошкиот пункт ќе работи два дена во недлата, за пациенти од Струмица и Гевгелија.
Во Велес, овој пункт ќе функционира два дена во неделата , а во него ќе се упатуваат пациенти од регионот на Велес, Кавадарци, Неготино и Свети Никола.
Во ноември ќе се отоврат нефролошки амбуланти во Тетово , Битола, Кочани и Прилеп.