Реакциите во јавноста не се смируваат околу извидничкиот камп за сексуална едукација „Sex Scouts and Rock n Roll“ кој се организирал викендов во Зелениково.
Полицијата и Обвинителството истражуваат што се случувало на извидничкиот камп за сексуална едукација. Случајот е пријавен во полиција, потврдуваат од МВР и велат дека заедно со Јавното обвинителство ги преземаат сите мерки.
Вчера за првпат се огласија и од Извидничкиот камп, од каде велат дека активностите се случувале, но потенцираа дека истите се ‘сфатени надвор од контекст’.
Во меѓувреме, уште еден родител реагира за скандалозниот Извиднички камп, кој ја крена јавноста на нозе.
„Нас како родители само усно нѝ беше кажано дека ќе биде акција за сексуална едукација. Но тоа беше сè освен едукација. Син ми е згрозен од целиот настан и сè што видел како машко, а камоли девојчињата. Имало многу вулгарни зборови, игри, кои не ги оправдувам и првенствено син ми беше иницијатор да пријавиме за да се крене свеста и кај другите деца, да не премолчуваат и да не ја заташкуваат работата“, изјавила мајката за „Слободен печат“.
Нејзината изјава за „Слободен печат“ може да ја слушнете ТУКА.