На 16.01.2021 околу 17.30 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Р.Т.(51) од САД, кој немал документи за идентификација.
Тој бил спроведен во Центарот за странци во Гази Баба во Скопје, а по преземени мерки било утврдено дека лицето лажно се претставило и дека станува збор за Р.Б.(53) од Охрид.
На 17.01.2021, тој бил спроведен во СВР Охрид и со него бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.