![avtobus-zabeni-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/avtobus-zabeni-750x430.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Автобус полн со работници од фабриката „Кромберт и Шуберт“ во Индустриската зона Жабени кај Битола се преврте утрово во 6.30 часот, информира СВР Битола.
Во автобусот биле работници од третата смена кои се враќале дома.
Според првичните информации од полицијата, има повредени, но не се во животна опасност.
Полицијата врши увид.