На „темната мрежа“ (DarkNet) се појавија огласи преку кои се продаваат вакцини против ковид-19 по цена од 250 до 1.200 американски долари, предупреди компанијата „Касперски“.
Огласите, како што наведува компанијата, се однесувале за вакцините на Фајзер/Бионтек, на АстраЗенека и на Модерна, но имало и лица кои продавале неверифицирани вакцини.
Според „Касперски“, најмногу диви продавачи на вакцини има во Франција, Германија, Велика Британија и во САД, а поголемиот дел од нив веќе направиле до 500 продажби.