Се разбуди од кома момчето што ја преживеа трагедијата во жичницата во Италија

Петгодишното момче, единственото кое ја преживеа страшната несреќа на жичарница во Италија, се разбуди од кома во болница во Торино. Во несреќата загинаа 14 лица, вклучувајќи ги и родителите на момчето.

Кога се разбудил од кома, тој прашал „каде се мама и тато?“.

Ејтан Биран веќе една недела е на одделот за интензивна нега во Детската болница Регина Маргерита, но дури од неодамна дише без помош на апарат, иако има потешкотии во говорот.

За чудо ја преживеал трагедијата на Алпите, но неговите родители, брат, прадедо и прабаба починале на самото место. Момчето претрпело торакална и абдоминална траума и фрактури на екстремитетите за време на трагичниот инцидент и сè уште е во критична состојба. Покрај него во болницата се тетка му, баба му и дедо му.

Кога се разбудил од кома, неговата тетка Аја (41) била до него, а момчето ѝ кажало дека има болки во грлото и прашало каде е и зошто таа е до него. Сè уште не е познато дали момчето воопшто знае дека неговото семејство веќе го нема.