![tereza mej eu](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/tereza-mej-eu.jpg?resize=696%2C444&ssl=1)
Помошниците на британската премиерка Тереза Меј разгледуваат временска рамка за нејзина можна оставка, но изгледно е дека ќе го одложи објавувањето сѐ додека не заврши и третото гласање за неговиот договор за излегувањето на Велика Британија од Европската унија во парламентот пишува во средата The Financial Times.
Претходно во вторникот агенцијата Reuters повикувајќи се на неименуван британски парламентарец објави дека премиерката Тереза Меј ќе се обрати во средата во 17 часот по британско време, на заседанието на ткн Комитет 1922, кој ги собира обичните членови на Конзервативната партија и оти „несомено постои веројатност“ дека Меј ќе го одреди датумот на нејзиното заминување од позицијата челник на Ториевците и од премиерската должност.
Агенцијата во средата повторно пишува дека заминувањето на Меј е цена за двата пораза во парламентот на гласањата за нејзиниот договор за брегзитот што го испроговара со Брисел, од кои првиот беше еден од најголемите во британската историја. Хаосот околу брегзитот многу веројатно Меј ќе ја плати со премиерската фотелја, смета Reuters.
Според The Financial Times наводно постои договор Меј да го најави своето заминување кога и доколку евроскептичните парламентарци во нејзината Конзервативна партија ги поддржат нејзиниот договор, и тој да биде изгласан во парламент.
Британските парламентарци во средата почнуваат да гласаат за алтернативите за брегзитот додека Меј се обидува да ја задржи контролата над процесот за британското излегување од ЕУ и над својата партија. Парламентарците изгласаа во понеделникот преземање на контролата во Долниот дом на парламентот над брегзитот поради неможноста да се постигне договор за тоа дека земјата треба да ги спроведе резултатите од референдумот од 2016 година кога 52 отсто од гласачите се изјаснија за истапување на ЕУ.
Почетокот на расправата за ткн индикативните гласови се очекува околу 15 чласот, а гласањето ќе се одржи подоцна во средата. Меѓу можностите се наоѓа и втор референдум за брегзитот, договорот на Меј со ЕУ, како и договорот кој Обединетото Кралство би го оставил во близок однос со ЕУ.
Сепак, конечниот резултат веројатно нема да биде познат во средата, имајќи го предвид бројот предложени алтернативи. Вториот круг од гласањето се очекува во понеделник. Челниците на ЕУ ѝ дадоа две опции на Тереза Меј на самитот на 21-ви и 22-ри март. Или британските пратеници оваа седмица ќе изгласаат повлекување и Велика Британија уредно ќе излезе од ЕУ со одложувањето до 22-ри април, или договроот ќе биде отфрлен, а Лондон до 12-ти април ќе претстави алтернатива и ќе бара ново одложување коешто ќе го обврзе да ги спроведе изборите за Европскиот парламент кон крајот на мај, што всушност ќе значи останување во ЕУ.