Се разведуваат Руперт Мардок и Џери Хол

Се разведуваат медиумскиот могул Руперт Мардок и актерката Џери Хол, извести во средата весникот The New York Times повикувајќи се на два извора блиска на двојката.

Мардок и Хол се венчаа на церемонија во центарот на Лондон во март2016 година. Мардок, кој има австралиско потекло, претходно трипати беше во брак. Хол, пак, во 1990 година се омажи за Мик Џегер, но двојката се разиде девет години подоцна.

Челникот на „Fox Corp“ и неговата поранешна сопруга супермодел често ги полнеа страниците на таблоидите, кои ја следеа нивната венчавка во лондонски „Spencer House“ и свеченоста по повод на ланскиот 90-ти роденден на Мардок во ресторанот „Tavern on the Green“ во Њујорк.

Четвртиот развод на Мардок веројатно нема да влијае врз сопственичката структура на компаниите во коишто тој има удели, меѓу кои се „Fox Corp“, матичната медиумска компанија за телевизијата „Fox News“ и на компанијата „News Corp“ која е издавач на The Wall Street Journala, се наведува во извештајот.