Легендарниот кошаркар од Босна и Херцеговина, Асим Пашчановиќ (50), е пронајден мртов во семејната куќа кај Калесија. Како што потврдија од полициската управа МУП на кантонот Тузла, тој се самоубил. Босанско-херцеговскиот портал „Klix.ba“ ја пренесе оваа вест, посочувајќи дека било пронајдено неговото безживотно тело во населбата Тојшиќи. Порталот потврди и дека се работи за самоубиство, иако не изгледало така на прв поглед. Засега не се знае кои се мотивите за ова самоубиство.
Пашчановиќ ја започна кошаркарската кариера во 1992 година, во Слобода од Тузла. Поради случувањата во земјата во тие години и војната, тој замина во Турција, каде што го промени презимето во Парс и за кратко време стана легенда. Беше еден од најдобрите скокачи во Европа и играше за репрезентацијата на Турција на Европското првенство во 2001 година, кога го освои сребрениот медал. Во текот на кариерата настапуваше за Галатасарај, Ефес, Фенербахче, а прекина да игра во 2013 година.