
Административниот борд на европската куќа на одбојката донесе мошне занимлива, а важна одлука во врска со правилата на оваа игра.
Имено, на состанокот на ЦЕВ во Казан, Русија е донесено решение да се укинат техничките, односно обавезителните тајмаути. Новото правило ќе се применува на сите натпревари под покровителство на Европската одбојкарска федерација, почнувајќи од 14 мај.
Тоа значи дека нема повеќе да има технилки тајм аути кои беа автоматски по 8 и 16 поен освоен од некоја од екипите.
Сепак, одлуката не се однесува за националните првенства, туку само за турнири и првенства на ЦЕВ.