![urnat avion san diego](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/urnat-avion-san-diego.jpg?resize=696%2C467&ssl=1)
Мал патнички авион, најверојатно „Лирџет 35“, се урна во градот Ел Кахон во областа Сан Диего во Калифорнија.
Засега не е познат бројот на жртвите во оваа несреќа, а авионот при падот ги уништил електричните кабли, оставајќи стотици жители на овој град без струја.
Авионот се урнал во близина на раскрсницата Пепер Драјв околу 19 часот по локално време и се запалил, јавуваат американските медиуми.
Канцеларијата на шерифот во Сан Диего соопшти дека авионот летал кон аеродромот Гилеспи Филд и дека истрагата е во тек, додека други детали за несреќата не се познати.
Луѓето се предупредени да го избегнуваат местото на несреќата.