Се урна патнички авион во Авганистан

Авион на воздухопловната компанија „ Ariana Afghan Airlines“ се урна во поенделникот во источната авганистанска покрина Газни, поренесе телевизијата 1TV, а информацијата ја потврдиле властите во Кабул.

Според сѐ уште официјално непотврдените информции, во авионто имало 83 лица, пренесува порталот Ariana News.

Портпаролот на гувернерот на покрината Газни, Ариф Мури, прецизирал дека несреќата се случила во областа Дех Јак.

Во извештајот на телевозијата Tolo News се истакнива дека локацијата на падот на авионот се наоѓа под контрола на талибаниет. Изворот додал дека во тој правец се упатиле авганистанските специјални сили.

Според телевизијата, во авионот кој летал од Херат кон Кабул веројатно имало 83 лица. Но воздухопловната компанија ја негира авионската несреќа во покраината Газни.

„Ariana Afghan Airlines“ е национална воздухопловна компанија в сопственост на влдата на Авганистан со седиште во Кабул, и лета на домашни и меѓународано линии. Се наоѓа на листата авиопревозници на кои им е забрането летањето во Европската унија.