Се урна руски ловец Сухој Су-57

Рускиот борбен авион Сухој Су-57 од петтата генерација се урнал во регионот Хабаровск на Далечниот исток поради технички проблем на системот за контрола на летот.

„Според првичните информации, несреќата се должи на дефект на системот за контрола на Су-57“, наведуваат изворите за новинската агенција ТАСС.

Обединетата авионска корпорација на Русија, во 5.00 часот утринава, извести дека борбен авион Су-57 се урнал за време на тестирањето во Комсомолск-на-Амур, 111 км од матичниот аеродром. Системот за итни случаи на авионите реагирал во нормален режим и пилотот извел безбедно катапултирање. Специјална комисија ќе ги утврди причините за несреќата, соопшти корпорацијата.

Извор во воените медицински кругови изјави за ТАСС дека лекарите утврдиле дека пилотот е во добра состојба и без повреди.

Ова е прва несреќа на рускиот борбен авион Су-57 од петтата генерација на Русија.

Су-57 е повеќенаменски ловец од петта генерација дизајниран да ги уништи сите типови воздушни цели на долги и кратки растојанија и да гаѓа непријателски копнени и поморски цели, надминувајќи ги  можностите за воздушна одбрана.

Су-57 првиот лет го има направено на 29 јануари 2010 година. Во споредба со неговите претходници, Су-57 ги комбинира функциите на пресретнувач и борбен авион за блиска воздушна поддршка, додека употребата на композитни материјали и технологии за иновации и борбените аеродинамичка конфигурација обезбедува ниско ниво на детекција на противнички радар и инфрацрвениот одраз.

Вооружувањето на авионот ќе вклучува, стандардно авионско ракетно и топовско вооружување, но и најнови хиперсонични проектили. Борбениот авион Су-57 од петтата генерација е веќе успешно тестиран во борбени услови во Сирија.