Се уште се преговора за предизборна коалиција на Беса, Алијанса и Алтернатива

Албанските политички партии сè уште не постигнале конкретен договор за можните предизборни коалиции, јавува ТВ Алсат М. Идејата за трилатерална коалиција меѓу Алијансата за Албанците, Алтернатива и Беса се уште нема резултати. Генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи верува дека ќе се постигне  позитивен договор со партијата на Села, но ја отфрла можноста за коалиција со Беса.

Во оваа прилика сме во постојани разговори со Алијансата, како на ниво на комисии, така и на ниво на претседатели на партии и веруваме дека заклучокот на овие разговори се надевам и верувам дека ќе биде позитивен и ќе се случи за неколку дена.

Дали конечно е отфрлена можноста за коалиција со Беса?

Да. Секако.  Во никој случај Алтернатива и ниту едно партиско тело не би се согласиле да седнат на маса со луѓето кои им ја скршиле секоја надеж и идеал кај нашите заеднички гласачи.

Згаснувањето на идејата за трилатерална коалиција не е потврдено од другите две партии, АА и Беса. Села, кој прв ја обелодени оваа идеја пред јавноста, денес за Алсат  изјави дека се уште се работи на идејата, иако претходно рече дека одлуката ќе биде објавена на 3 јануари.

“Верувам дека за една недела ќе и соопштиме на  јавноста. Тогаш точно ќе знаеме со кого ќе направи коалиција Алијанса за Албанците, но како и да е, најзначајната коалиција што може да ја направи еден политички субјект е коалицијата со вистинската опозиција, а вистинската опозиција е граѓанинот.”

Движењето Беса потврдува дека е во постојана комуникација со АА, но не им е јасно зошто нема конкретен повик за трилатерална средба.

“Ние сме во редовна комуникација со Алијансата за Албанците, и покрај нашето убедување за да дадеме шанса го прифативме нивното барање да разговараме за трилатерална коалиција, но сè уште немаме одговор зошто не се случува конкретен повик  за трилатерална средба било помеѓу лидерите на трите партии, или пак на преговарачките групи.”

Во меѓувреме, ДПА веќе одлучи да излезе сама на избори. Партијата на Мендух Тачи ќе ги услови потенцијалните постизборни коалиции со врзан потпис на вицепремиерот.

“Решивме сами да излеземе на избори. Поставивме два предуслови или можност за разговори со идните постизборни партнери во коалицијата. Првиот услов е елиминација на ДУИ од владата по овие избори и второто прашање што го поставуваме, сериозен разговор за функцијата вицепремиер што треба да ја преземе ДПА.”

Дури и ДУИ ќе излезе сама на избори. Партијата на Ахмети постојано повикува на обединување на другите партии во еден блок на парламентарните избори.