
Се уште се утврдува кога настанала смртта, контроверзен е случајот, со тестот се анаизира генетски материјал, но се уште е рано да се утврди кога настанала смрттта на жената во Велес и дали тоа се случило пред три месеци или подоцна, одговори Владимир Микиќ, епидемиолог на видеосесијата „ Се за коронаирусот“ каде што гости се и министерот Венко Филипче, заменикот министер за здравство, Арменд Арслани и епидемиологот Жарко Караџовски.
– Податоците за нив ќе ни бидат од големо значење, за да знаеме што ќе следи. Мислам дека е добра стратегијата што се тестираат само пациенти кои имаат симптоми. Верувам дека на почетокот или средината на мај ќе го вратиме животот во функција. После тоа, ќе се впуштиме во детекција на антителата – рече Филипче.
Овој случај предизвика многу реакции во јавноста, а реагираше и микробилогот Никола Пановски.
– Вирусот не може да биде жив во мртво тело. Доколку се потврди дека е позитивен, а жената починала уште во јануари тоа може да ја смени целата светска историја – вели Пановски, по информациите дека мајката и синот пронајдени во Велес најверојатно починале во јануари, а биле пријавени кога од станот почнала да се шири миризба и посмртно биле тестирани на коронавирус.
Тој смета дека не смеат да се објавуваат непотврдени резултати и дека ваквиот наод е лажно позитивен бидејќи во мртви клетки не може да живее вирусот. Тој смета дека доколку тестот бил позитивен требало да се потврди во уште десеттина светски референтни лаборатии, а потоа да се објави бидејќи ова може да ја смени целата светска историја.