Се влушува ситуацијата источниот фронт, каде руските сили го продолжуваат забавено но контуинираното напредување со чести измени на борбените единици со свежи сили и воведвуање сѐ повеќе војници, но украинската армија ќе ја брани „тврдината“ Бахмут онолку долго колку што може, рече претседателот Володимир Зеленски во саботата кога телата на двајца британски платеници му бра предадени на Киев во размена на заробеници.
Руските сили полека напредуваат во регионот на Донбас, опколувајќи го градот Бахмут(Артјомовск, на руски), во близина на административната граница на регионот Доњецк и се борат да ја преземат контролата врз блискиот пат кој е главна рута за снабдување на украинските сили. Тие, исто така, се обидуваат целосно да ја воспоставата контролата и над градот Угледар југозападно од Доњецк, во кој исто така се навлезени и се водат улични брби.
„Често морам да кажам дека ситуацијата на боиштетот е тешка и станува потешка, повторно и повторно… Освојувачот воведува нови и нови единици војници за да ја разбие нашата одбрана“, рече Зеленски во видео-обраќање, пренесува Reuters.
„Сега е многу тешко во Бахмут, Угледар, Лиман и на други правци“, рече Зеленски.
Вјската ќе го брани „додека може“ Бахмут, кој руските сили се обидуваат да го освојат со месеци по цена на големи загуби, но никој нема да ја напушти „таа тврдина“, рече Зеленски.
Новинарите на AFP известуваат за жестоките судири во градот кои го претвориле Бахмут во урнатини.
Претходно во саботата, заменик-министерката за одбрана Хана Маљар напиша на апликацијата Telegram дека наводно пропаднале руските напори да биде разбиена одбраната во Бахмут и Лиман, град северно од Бахмут што украинските сили го заземаа откако русктата војска се повлече без поголем отпор.
Украина беше цел на силно руско бомбардирање во саботата, еден ден откако западните сојузници ветија дека ќе го снабдуваат Киев со оружје со уште поголем дострел.
„Непријателот се прегрупира во одредени зони. Ги концентрира своите главни сили на офанзивни операции во правец на Купјанск, Лиман, Бахмут, Адвеевка и Новопавловка на истокот на Украина“, соопшти на крајот на попладнето украинското Министерство за одбран
Во регионот на Доњецк, масовни артилериски напади беа насочени кон Авдеевка во саботата, откако Краматорск, град кој Русите исто така го напаѓаат беше гранатиран во саботата вечерта.
Во последните 24 часа само во јужната провинција Запорожје, проектили ја погодија „цивилната инфраструктура“ на 26 локации, соопштија украински извори.
Телата на британските платеници предадени на Киев
Шефот на кабинетот на претседателот Зеленски, Андриј Ермак, во саботата објави дека е извршена „нова голема размена на заробеници и 116 Украинци се вратени во Киев.
Во таа размена биле вратени и телата на двајца британски платеници убиени во јануари, јавува BBC.
Крис Пари на 28 и Ендру Багшо на 47 години, последен пат биле видени во Соледар на 6-ти јануари, а според нивните семејства, наводно додека спасувале постара жена, нивниот автомобил бил погоден.
Бомбардирањата продолжија на Херсон, големиот град на југот што Русите го освоија уште на почетокот од нивната инвазија ланскиот февруари, но потоа поради неговата слаба одбранбена позиција го напуштија и сега од источниот брег на реката Дњепар ги гаѓаат украинските сили кои и пред да настапат се сомневаа дека тоа е стапица
Во саботата, пристанишниот црноморски град Одеса, со големо руско население, претрпе голем прекин недостиг од електрична енергија поради технички дефект во електраната, која неодамна беше цел на руските сили.
„Во областа и градот Одеса, околу половина милион луѓе немаат струја“, нагласи Максим Мрченко, локален функционер.
Испораки на ново оружје и нови западните санкции
Во петокот, кога Европската унија одржа состанок на самитот во Киев, ѝ вети на Украина повеќе западно оружје со поголем дострел. Новата американска воена помош од 2,2 милијарди долари вклучува проектили кои можат да го удвојат дострелот на украинските напади, соопшти Пентагон.
Станува збор за GLSDB (Ground Launched Small Diameter Bomb), уреди со мал дијаметар кои се истрелуваат од теренот и можат да достинат цел оддалечена 150 километри и со тоа да ги загрозат руските позиции зад линијата на фронтот.
„За испораката на GLSDB ќе бидат потребни неколку месеци“, соопшти американското Министерство за одбрана.
„Доколку се забрза испораката на оружје, особено оружјето со долг дострел, не само што нема да се повлечеме од Бахмут, туку ќе почнеме во завршувањето на окупацијата на Донбас“, рече Зеленски за источниот регион, кој е со доминатно руско и рускојазично население и прогласи заедно со соседниот регион Луганск независност по превратот поддржан од Западот во 2014 година откако новите власти во Киев веднаш поставија свои гувернери наместо избраните на избори и го укинаа рускиот јазик кој дотогаш беше официјален, го забранија неговото користење во јавноста како и медиумите кои пренесуваа руски содржини.
Париз соопшти дека Франција и Италија ќе испорачаат одбранбени системи „земја-воздух“ со среден дострел MAMBA на пролет за да и помогнат на Украина да се одбрани од напади со беспилотни летала, руски ракети и авиони.
Португалија во саботата објави дека е подготвена да ги испрати своите тенкови „Leopard 2“ од германско производство во Украина, како и повеќето други земји, без да го прецизира нивниот број.
Европското ембарго за нафтени деривати што се извезуваат по морски пат треба да стапи во сила во недела, а тоа е „негативна“ мерка што дополнително ќе ги наруши пазарите, предупреди Москва.