Се вратиле од одмор со школки како сувенир, им се заканува казна од 10.000 евра

На германско семејство му се заканува воска парична казна откако од летувањето во татковината се ратиле со два примерока на заштитениот вид школка гигантска капа (тридакна) (Tridacna gigas) коишто цариниците им го нашле во багажот.

Според началникот на царината во Потсдам, патниците се вратиле од одмор во Кенија носејќи ги двете големи школку со вкупна тежина од 30 килограми, а станува збор за заштитен вид кој уште се нарекува и мечешка шепа.

Им се заканува парична казна до 10.000 евра, бидејќи школките не ги пријавиле на царината. Портпаролот на царината појаснил дека станува збор за голем прекршок да се увезуваат заштитени животни во Германија.