Се запали куќа во кавадаречкото село Раец

Се запали куќа во кавадаречкото село Раец, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци

– Веднаш по дојавата за пожар наша екипа од четворица пожарникари со две противпожарни возила замина на лице место и интервенираа најбрзо што може, информираа од Противпожарната служба.

Оттаму додадоа дека има материјална штета при пожарот во Раец.