Патнички воз што сообраќал на релација Книн – Шибеник се запалил непосредно пред влегувањето во железничката станица во Унешиќ, место во северна Далмација.
Пожарот бил изгаснат околу осум часот, а никој од патниците не е повреден, пренесува новинската агенција Хина.
Во текот на денот ќе биде извршен увид за да се утврдат причините за пожарот и штета која што е предизвикана.