![restoran](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/restoran.jpg?resize=470%2C270&ssl=1)
Ресторан за брза храна „Код дебелог“ во улица „Светогорска“ бр. 48 во Белград се запалил денеска нешто пред 20 часот, а на лице место стигнале пожарникарите и Брза помош. Причина за пожарот била експлозија на плинска боца. Пожарот е изгасен.
Од работилницата на приземјето на станбената зграда, започнал да излегува густ чад. Во моментов на пожарот, во ресторанот имало 20 гости, меѓу кои и деца.
Иако не е официјално потврдено, повредени се неколку работници на овој ресторан.
Екипите се на терен и прават увид.