Се запали товарно возило на ЈП „Комунална хигиена“

На 13.10.2022 во 07.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на „бул.8 Септември“ настанал пожар во товарно возило во движење „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Комунална хигиена“, управуван од вработениот А.К..

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид бил извршен.