Се зголемува ДДВ во Кипар

Во Кипар од понеделник влегува во сила наредбата на Министерството за финансии за зголемување на данокот на додадена вредност за еден отсто, односно отсега ќе изнесува 19 отсто, што опфаќа 80 отсто од стоките и услугите во земјата, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Овој чекор се презема во согласност со обврските кои Владата ги презеде во рамките на минатогодишниот договор со Тројката, меѓународни кредитори, ЕК, ЕЦБ и ММФ, за обезбедување на антикризна помош на земјата во висина од десет милијарди евра.