Лице што имало здравствени проблеми, утрово почина во болницата во грчкиот град Кожани и е седмата жртва од коронавирусот во Грција, неофицијално дознава дописничката на МИА од Атина.
Во текот на вчерашниот ден, уште едно лице го загуби животот, а согласно официјалните податоци од Министерството за здравство на Грција што се соопштуваат секој ден во 18 часот, во земјата заклучно со вчера беа регистрирани со 464 случаи на Ковид-19.