Работник во компанија за електродистрибуција е последната, седма жртва на пожарите кои беснеат во Калифорнија, но нема детали за инцоодентот.
Неколку илјади луѓе од планинските области се евакуирани поради најголемиот шумски пожар во северна Калифорнија, додека уморните пожарникари се борат со налетите на ветерот што ја комплицира нивната работа, пренесува АП.
Пожарот во комплексот Мендосино во петокот дополнително се разгоре уништувајќи 62.000 хектари- што е околу половина од Лос Анџелес, принудувајќи околу 16.000 жители да ги напуштат своите домови пред огнената стихија кој уништи 88 објекти 150 километри северно од Сан Франциско, информираше Министерството за шумарство и заштита од пожар.
Опсегот на овој пожар е поголем дури и од размерот на пожаррот „Кер“ кој беснее 160 километри на североисток, пренесува Ројтерс.
Во Калифорнија против огнот се борат пожарникари од 16 сојузни држави, а четворица пожарникари загинаа.