Седница и конференција за медиумите за одлуката за спојување на концесиите за рудникот Иловица-Штука

Во 14 часот подоцна во вторникот министерот за економија Крешник Бектеши ќе одржи прес-конференција откако пред своите колеги во Владата ќе ја обрзложи одлуката за спојување на концесиите за рудникот Иловица-Штука.

Обраќањето на министерот е најавено истиот ден кога, исто така според најавите на владината служба за односи со јавност, се очекува Бектеши да ја образложи одлуката за спојување на концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, којашто на 27-ми јуни заедно со колегите министри ја изгласаа како дополнителна точка на владина седница, а потоа некои од неговите колеги во Владата тврдеа во медиимите дека не биле „темелно запознаени“ за што гласале и побараа ревизија на одлуката.

Спојувањето на концесиите за рудник во струмичкиот регионо предизвика жестоки реакции во јавноста, по што Владата формално го задолжи ресорниот министер Бектеши, да реферира за постапката на владина седница.

Бектеши уверува дека спојувањето на концесиите е исправна одлука и тврди дека различна од давањето дозвола за експлоатација.

Според него, двете концесиите претставуваат една иста целина, односно првата концесија е во самото концесиско поле на втората, што им дава законска можност на инвеститорите да побараат спојување.

Со спојувањето, државата ќе избегне плаќање пенали, рече Бектеши минатата недела седмица.

Во пресрет на редовната владина седница, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во понеделнкот на новинарско прашање посочи дека треба да се почека до следниот ден, за да се знае какви чекори ќе преземе Владата за рудникот „Иловица-Штука“.

Тврди дека доколку граѓаните не сакаат, тогаш рудник нема да има и дека Владата е подготвена да помогне за жителите од тој регион на референдум да се изјаснат.