
Државната изборна комисија, денес ќе ја одржи 27-та седница.
На дневен ред на седницата е извештајот за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологијата за водење и ажурирање на Избирачкиот список .
Покрај тоа ќе се утврдува и начинот на постапување по прашањата од теренските проверки.