Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница согласно решението за распишување на претседателски избори на 13-ти април од спикерот Трајко Вељаноски.
На седницата ДИК ќе расправа по роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на изборите за претседател на Република Македонија.